Утрински Весник
Балкан
300x250 opst2

Во првата половина од годинава странските инвестиции во Албанија 760 милиони евра

Albanija.webp.webp
Img 7972

Во првата половина од годинава, странските инвестиции во Албанија достигнале 760 милиони евра, или девет милиони повеќе споредено со истиот период минатата година, кога тие изнесувале 751 милиони евра.

-Не само за туризам, Албанија стана магнет и за странците да инвестираат во земјата. Инвестициите главно се во недвижности, најмногу инвестирале Италијанците, Турците, Австријците и Холанѓаните, додека растечки интерес има и од Косово, Швајцарија, Шведска и САД, објави Топ чанел.


Секторот со најголема инвестициска привлечност продолжува да биде недвижнините со 149 милиони евра само во вториот квартал од годината. Потоа следат финансиските и осигурителните дејности, рударската индустрија, трговијата на големо итн. Додека странците речиси и да не се заинтересирани за инвестирање во сектори како што се земјоделството, шумарството, рибарството, образованието.

Премиерот Еди Рама на средба со странски инвеститори повика на повеќе инвестиции во Албанија во секторот за недвижности, но економските експерти, сметаат дека прво мора да има подготвена политика за нивна ориентација во различни сектори на економијата.

Централна банка на Албанија во својот последен Извештај за финансиска стабилност нагласува дека околу 15 отсто од продадените станови во Албанија се купени од странци. Иако бројот на купени станови од странци, според Централната банка е помал, вкупниот износ останува највисок во последните 5 години, поради зголемените цени.

Во Албанија минатата година странските инвестиции достигнаа рекордни 1,58 милијарди евра.

Можете да прочитате

Вучиќ: Ќе има војна, сите се подготвуваат за тоа

Македонски државјанин загинал во Белград додека поставувал експлозив во стан

Додик по средбата со Путин: Русија ќе го презентира извештајот за БиХ пред Советот за безбедност