Утрински Весник
Македонија

Приведен косовски државјанин, на граничен премин се легитимирал со фалсификувана полициска легитимација

Lisici.webp.webp

На 02.101.2025 во 14:45 часот на Граничен премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода З.К.(54) од Косово.

При гранични проверки и контрола, тој изјавил дека не ја носи возачката дозвола и се легитимирал со полициска легитимација на меѓународна полициска организација за која по извршени проверки е констатирано дека не постои, односно дека легитимацијата е фалсификувана. 


Лицето е задржано во полициска станица, со него е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ДЗС: Опасна граната тешка околу 45 килограми пронајдена кај Неготино

Левица: Државата ги осудува граѓаните на кираџиство – становите во Скопје поскапеа за 13,3%

Сончево со мала облачност – 24info.mk