Утрински Весник
Свет

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

20251003082013 big 730x400 43.webp.webp

Спасувачките екипи во Индонезија ја проширија операцијата за извлекување луѓе од урнатините на четирикатната училишна зграда што се урна претходно оваа недела, објави ДПА.

Исламскиот интернат „Ал Хосини“ во покраината Источна Јава се урна во понеделникот за време на градежните работи. Десетици ученици, повеќето од нив тинејџери, беа затрупани.


Националната агенција за управување со катастрофи соопшти дека досега од урнатините се извлечени вкупно 108 лица, од кои 30 се уште се хоспитализирани, а 73 со полесни повреди. Најмалку пет лица се потврдени како мртви, но 58 се уште се водат како исчезнати, што ги поттикнува стравувањата дека бројот на жртви може да се зголеми.

Спасувачките екипи вчера соопштија дека не пронашле знаци на преживеани под урнатината на зградата. На местото на трагедијата беа донесени тешки багери за да ги расчистат урнатините.

Повеќе од 150 медицински и форензички експерти собираат примероци од ДНК за да се совпаднат со профилите на роднините на жртвите.

Абдул Ханан, татко на еден од спасените ученици, рече дека неговиот син бил заробен под бетонски плочи, но избегал со полесни повреди.

Можете да прочитате

Путин потпиша закон за национализација на напуштени имоти во окупираните делови на Украина

Чешка доби нова влада – 24info.mk

Зеленски: Има напредок во разговорите со САД