Утрински Весник
Скопје

Половина Скопје попладнево без парно греење – Има дефект

Parno.jpg

Половина Скопје попладнево остана со ладни радијатори, токму во ден кога температурите нагло се спуштија.

Од ЕСМ Снабдување информираат дека поради зголемени загуби на вода во системот и потребата од изолација на истекување вода од дистрибутивната мрежа во реонот околу ул. „Павел Шатев“ (Бихаќка) 3, топланите Исток и Запад нема да испорачуваат топлинска енергија во период од околу три часа.


„Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилност и нормализација на снабдувањето. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо враќање на редовната испорака на топлина до потрошувачите,“ стои во соопштението.

За дополнителни информации, граѓаните може да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.

Можете да прочитате

„Призма“: Коњи шетаат низ Скопје, институциите чекаат инцидент

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Денес имавме среќа, но што ако утре некое дете го нема? – три кучиња нападнале мајка и 7-годишна ќерка во Скопје