Утрински Весник
Македонија

Камион излетал од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Policija 1.webp.webp

Камион излетал од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, поради што сообраќајот од 17:10 часот попладнево е во прекин за сите возила во двата правца.

На патот, како што информира АМСМ, има расфрлани метални предмети што ги превезувал камионот.


Според АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Кузеска: Две години Влада на Мицкоски: Без резултати, само дефокус и закани!

Алиу: Не сум во политиката за функција, туку за да менувам работи

Алиу: Со учеството во EU4Health се отвораат нови можности за развој и модернизација на здравствениот систем