Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка

Dozd.webp.webp

До 17 часот попладнево најмногу дожд наврнал во Пожаране и Ѓуриште, 24 литри на метар квадратен, а најмалку, три литри на единица површина, во Берово. Најстудено е на Попова Шапка, во Маврови Анови и Лазарополе, еден степен целзиусов, додека максимални 12 степени се измерени во Струмица.

До 17:30 часот се измерени и 3 степени во Крушево, 7 во Скопје – Зајчев Рид, Прилеп, Тетово и Охрид, 8 во Берово, Крива Паланка, Битола, Штип, Велес и Кавадарци, 9 во Претор, Виница и Демир Капија, 10 во Скопје – Петровец, како и 11 степени во Гевгелија.


Изминатите 9 часа, до 17 часот попладнево наврнале 22 литра дожд на метар квадратен во Тетово и на Попова Шапка, 21 во Битола, 20 во Маврови Анови и Демир Капија, 18 во Гевгелија, 15 во Крушево, 14 во Велес, 12 во Претор и Штип, 10 во Лазарополе, 9 во Скопје – Зајчев рид и Крива Паланка, 8 во Охрид, 6 во Скопје – Петровец и Прилеп, како и 5 литри на метар квадратен во Струмица.

Според УХМР, до крајот на денот се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а на планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Можете да прочитате

Приведено лице од Кочани, возело без возачка дозвола, во возилото најдена поголема количина брендирана роба

СДСМ: Реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи додека Бугарија го загрозува државниот интерес