Утрински Весник
Македонија

Денеска во Скопје дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025

00000001 114.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Музејот на модерната уметност во Скопје, денес ќе се одржи Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, на кој ќе учествува и ќе се произнесе премиерот Христијан Мицкоски.

Покрај премиерот, говори ќе одржат и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, како и генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC), Амер Капетановиќ.


По официјалните обраќања ќе следува свечено отворање на главната програма. Фокусот на програмата ќе биде насочен кон три клучни теми од важност за дигиталната перспектива на регионот: Дигитален паричник – безбеден пристап до јавни и приватни услуги; Интероперабилност – технолошка поврзаност меѓу системите во регионот; Сајбер безбедност – заштита на податоци и критична дигитална инфраструктура.

Дигиталниот самит претставува регионален настан кој ги здружува предводниците на дигиталната трансформација од Западен Балкан, Европската Унија и пошироко. Самитот е организиран од страна на Министерството за дигитална трансформација и Советот за регионална соработка (RCC).

Се очекува присуство на повеќе од 800 учесници, меѓу кои високи владини претставници, експерти, компании, академски институции и меѓународни партнери.

WBDS 2025 ќе послужи како платформа за лансирање нови иницијативи, вклучително и разговори за намалување на трошоците за роаминг со ЕУ, со цел воспоставување на модел „роаминг како дома“ помеѓу регионот и Унијата.

Можете да прочитате

СДСМ: „Во Македонија – Резолуција. Во Третиот рајх – Декрет. Има ли разлика?“

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово