Утрински Весник
Свет

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната

Hamas.webp.webp

Неименуван извор близок до палестинската милитантна група Хамас изјави за саудискиот ТВ-канал Ал-Хадат дека Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната, пренесоа денеска израелските медиуми.

Изворот рекол дека Хамас побарал од посредниците во преговорите појаснување во врска со неколку клаузули во американскиот план за ставање крај на војната во Газа, тврдејќи дека има право да внесе промени во планот како што тоа го направил Израел, пренесува Тајмс оф Израел.


Говорејќи за клаузулата во договорот со која од Хамас се бара да се разоружа, неименуваниот извор близок до оваа палестинска милитантна група изјави дека Хамас инсистира на тоа да се прави разлика меѓу одбранбено и офанзивно оружје.

Можете да прочитате

САД планираат инвазија на специјални сили за одземање на иранскиот ураниум?

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“