Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Се урна дел од облакодер во Њујорк, сомневањата се дека причина е експлозија од гас

20251001173115 big 730x400 83.webp.webp
300x250 opst2

Утринава делумно се урна облакодер во њујоршкиот округ Бронкс, а првичните информации за причините за колапсот укажуваат на експлозија на гас, јавуваат локалните медиуми.

Инцидентот се случил утринава кратко по 8 часот, во станбениот комплекс Мичел Хаус на Александар Авенју број 205. Станува збор за 20-катна зграда во која, според противпожарната служба (FDNY), се урнало окното за палење на отпадот, што се протега по целата височина на зградата.


На терен веднаш излегле бројни противпожарни екипи. Снимките од воздух покажуваат десетици пожарникари како ја проценуваат ситуацијата, додека зградата јасно покажува како окното се одвоило од остатокот од структурата.

Според првичните информации, се верува дека на уривањето му претходела експлозија на гас во самото окно за отпад. За среќа, противпожарната служба соопшти дека засега нема извештаи за повредени лица.

Истрагата за точната причина за инцидентот е во тек, а властите се на терен за да го обезбедат местото и да ги утврдат сите околности на настанот.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната