Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Поднесени кривични пријави против поранешен директор на Комуналец Струмица

Policija 2.webp.webp
300x250 opst2

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица – поранешен директор на Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец Струмица, против јавното претпријатие, против Г.Б.(52) од Струмица и против правно лице од Струмица поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење” по член 244-А во врска со член 22 од Кривичниот законик. Имено, јавното претпријатие, застапувано од З.Г. и правно лице, застапувано од Г.Б., со заеднички дејствија изградиле објект од втора категорија, кој се користел како деловен објект, без притоа да биде издадено соодветно одобрение за градење од општина Струмица.

СВР Струмица поднесена кривична пријава против поранешниот директор на ЈКПД „Комуналец” и поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.


Во првиот случај, пријавениот З.Г. склучувал договори за закуп на простор пред објект – настрешница со правно лице од Струмица, која била бесправно изградена на зелена површина. Притоа, договорите биле склучувани со непосредна спогодба иако станува збор за користење на простор за кој согласно Законот за комуналните такси е потребно општината да издаде согласност и да наплатува комунална такса согласно тарифата. На тој начин е нанесена штета на буџетот на општина Струмица и била остварена финансиска односно имотна корист за ЈПКД „Комуналец” Струмица во вкупен износ од 847.126 денари.

Во вториот случај, пријавениот ја злоупотребил службената положба на тој начин што во периодот од 2020 до 2023 година од истото правно лице вршел набавка на храна и угостителски услуги без да биде спроведена соодветна постапка за јавна набавка согласно Законот за јавни набавки со изговор дека храната била набавена за работници кои работеле прекувремено. Меѓутоа, во фактурите нема подетално објаснување за тоа што е набавено, односно во прилог на фактурите нема поткрепувачка документација од која може да се утврди кои лица користеле оброк, ниту пак дали работеле ноќе или прекувремено, а јавното претпријатие немало план за организирање на работа во смени. Со ваквите дејствија била причинета штета на јавното претпријатие во вкупен износ од 307.800 денари.

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски сака партиско судство, се заканува ама никој не му се плаши

Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

Полиција откри поголема количина дрога во скопско Ѓорче