Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Од денеска бесплатна телефонска линија за пријава на изборни неправилности

Izbori e1735890132532.webp.webp
300x250 opst2

Од денес во канцеларијата на Народниот правобранител почна да функционира бесплатна телефонска линија 0800 54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври и 2 ноември 2025 година).

По пријавите на граѓаните, како што информираат од Канцеларијата на Народниот правобранител, ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 часот, ќе бидат снимени.


Народниот правобранител во функција на заштита и остварување на избирачкото право на граѓаните ќе постапува во најкраток рок до надлежните органи и до другите институции, со барање да постапуваат брзо и ефикасно во процесот на изборите со цел да им обезбедат остварување на загарантираното право на граѓаните.

Исто така, за пријавување на повреди граѓаните можат да се обратат и во шесте подрачни канцеларии секој работен ден од 8 до 16 часот на следниве телефонски броеви – Подрачна канцеларија во Струмица 034 329-996, Подрачна канцеларија Кичево 045 228-586, Подрачна канцеларија Тетово 044 344-082, Подрачна канцеларија Битола 047 242-310, Подрачна канцеларија Штип 032 389-701 и Подрачна канцеларија Куманово 031 431-488.

Можете да прочитате

Тошковски од ГП „Табановце“: Со „One Stop“ системот неколкукратно намалено времето на чекање

„Мајка“ на Стругар Митевска селектиран на 38. Интернационален филмски фестивал во Токио

Триумфално завршување на Балканската турнеја на НУ Ансамбл „Танец“