Утрински Весник
Македонија

Андријана Ташкова-Ѓоргиева згрижува три деца покрај своите три и ја бара довербата од битолчани за влез во Советот преку ГРИН

1000006823.jpg

Кандидатка за советник во Советот на Општина Битола од Граѓанската Иницијатива – ГРИН со реден број 4 е Андријана Ташкова- Ѓоргиева. Од ГРИН велат дека со нејзината енергија, визија, идеи, искуство и менаџерски способности во приватниот сектор е докажана како во нашата држава така и во Канада. Андријана Ташкова- Ѓоргиева е родена во Торонто – Канада, но своето детство го поминала во Битола. Потоа повторно се враќа во Канада. Љубовта кон градот во кој се родени нејзините родители и каде таа го поминува детството придонесе Ташкова- Ѓорѓиева да реши со своето семејство да се врати во Битола во 2009 година. Вештините и искуството кои ги стекна во Канада ги пренесе овде.

Денес е раководител на одделот синџир на снабдување во приватна фирма и од прва рака ги разбира предизвиците на странските компании и нашите сограѓани вработени таму., објавија од ГРИН. Ташкова- Ѓоргиева досега не била член на политичка партија, велат од иницијативата.


„Јас сум мајка на три деца и згрижувачка на уште три деца. Верувам дека иднината на нашите деца мора да биде приоритет. Сакам да се стави крај на иселувањето на младите, партиските вработувања, лошата инфраструктура на улиците во градот, училиштата и здравствените установи. Станувам дел од Граѓанска Иницијатива – ГРИН со цел да внесам нова енергија што го одразува гласот на обичниот граѓанин. Битола е на битолчани. Љубовта, верата и надежта за подобро утре се нашиот пат”, изјави Ташкова-Ѓоргиева.

Можете да прочитате

Од минерален потенцијал до европски вредносен синџир: Иловица меѓу проектите со развоен потенцијал

Откриени извршители на серија тешки кражби во тетовско, предизвикана штета од околу 250 илјади евра

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Претреси во Скопје, Тетово и Гевгелија, неофицијално шестмина уапсени