Утрински Весник
Свет

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа

Donald tramp bendzamin netanjahu1 1536x1023 1 1200x799 1.jpg

Нетанјаху и Трамп почнаа ги почнаа разговорите за прекинот на огнот во Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Мировниот план за Газа, формулиран од американскиот претседател, треба да биде во фокусот на нивните разговори.


Средбата се одржува откако Нетанјаху се обрати пред светската заедница на Генералното собрание на Обединетите нации. Обраќањето дојде во време откако неколку земји објавија признавање на палестинската државност, а израелската армија го зголемува притисокот врз градот Газа.

По обраќањето пред Генералното собрание, Нетанјаху денес пристигна во Белата куќа, пишува SkyNews, а Трамп е „многу уверен“ во постигнувањето мировен договор.

Доналд Трамп се сретна со Нетанјаху пред Западното крило, насмевнувајќи се и ракувајќи се со него. Трамп покажа палец нагоре додека новинарите го преплавија со прашања. Еден го праша: „Дали сте убедени дека наскоро ќе има мир во Газа?“ Трамп потврди со главата, велејќи: „Да. Многу сум уверен.“

Можете да прочитате

Руски ракетен напад врз Дњепар

Во Азија над илјада загинати во разорната тропска бура

Зеленски: По разговорите на Флорида остануваат тешки нерешени прашања