Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Петмина возачи уапсени со над 1,5 промили алкохол во крвта

525057186 1051430687167458 7859801470447423841 n.jpg
300x250 opst2

Во текот на изминатиот викенд (27/28.09.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.156 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 296 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 156 прекршоци за неправилно паркирање, 136 прекршоци се изречени за возачи што управувале возила без возачки доволи, како и 95 прекршоци за возачи кај кои е регистрирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво.


Од друга страна пак, исто така согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на изминатиот викенд санкционирани биле и 16 возачи на мотоцикли заради неносење заштитен шлем, потоа 40 лица заради користење на мобилен телефон при возење, 11 мерки за возачи што минале на црвено светло, како и 57 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 20 возила се отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а едно заради техничка неисправност.  

Исто така во текот на изминатиот викенд, а врз основа на членот 297-а од КЗ на РСМ (“безобѕирно управување со возило“) лишени од слобода се пет возачи заради прекумерно присуство на алкохол во крвта (над 1,5 промили).  

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме со сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за подобри, посигурни и побезбедни патишта низ државата.

Можете да прочитате

УЈП ги проверува инспекторите кои ги предупредувале газдите на „Пулс“ за можни контроли во замена за подароци

Зголемен број млади со симптоми на труење по консумирање храна во сендвичарница во Штип

Три жени се тепале во станбена зграда во Чаир