Утрински Весник
Македонија

Муцунски ја посети Македонската православна црква во Мичиген

2 2.jpg

Во рамки на завршните активности од посетата на САД, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Силјановска-Давкова, ја посетија Македонската православна црква „Раѓањето на Пресвета Богородица” во Стерлинг Хајтс, Мичиген, како и Неделното црковно училиште во кое 120 деца имаат можност да се запознаат со православната вера, македонската традиција и да го изучуваат македонскиот јазик.

Делегацијата присуствуваше на утринската литургија што ја одржа отецот Синиша Ристовски и оствари средба со бројната македонска дијаспора.


Министерот Муцунски истакна дека дијаспората претставува силен мост меѓу двете земји и има значајна улога во градењето на врските меѓу македонското и американското општество, како и во промоцијата на македонската култура и традиција на американско тло.

„Изразуваме благодарност за топлиот прием. Остануваме цврсто посветени на зајакнување и продлабочување на контактите со нашата дијаспора,” порача министерот Муцунски.

Можете да прочитате

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

До 18 часот регистрирани шест пожари на отворено

Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи