Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Левица: ОБСЕ ја истражува цензурата врз нашата партија

555887860 1273213294604882 7449194221915982081 n.jpg
Img 7972

Соопштение за јавност на Левица:

Адвокат Катерина Јовановска – како претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич – правен аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР.


На средбата се дискутираше за правните механизми кои Левица како политичка партија досега ги превзема во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година донесено од ААВМУ, со кое ПП Левица е директно оштетена на начин што и е ЗАБРАНЕТО политички да се рекламира на медиумите во текот на целата кампања, како и за правните чекори кои Левица ќе ги превземе во иднина со цел заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување.

Средбата беше многу конструктивна и двете страни изразија желба за понатамошна соработка со цел навремено информирање во однос на исходот од судските постапки, како и постапките кои што се водат пред другите надлежни институции во Република Македонија и евентуално пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Можете да прочитате

Сакала да изнајми стан, ја измамиле за 300 евра

Албанска државјанка нападнала полцајка во Прилеп

На изборите има две опции, едната е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата а другата е коалицијата СДСМ – ДУИ – Левица, смета Мицкоски