Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Се бориме за нашиот дом, со нова енергија против неспособноста и расипништвото на власта

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

СДСМ и коалицијата ја започнува кампањата со јасна порака: ова е борба за нашиот заеднички дом, Македонија.


Речиси година и пол откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде целата централна власт и четири години локална власт, граѓаните се сведоци на неспособност, корупција, расипништво ароганција. Наместо економски развој, има застој, платите стагнираат а стандардот на граѓаните опаѓа. Наместо правда, има партизација и селективност. Наместо грижа за граѓаните, гледаме расипништво и трошење на јавните пари за лични привилегии на функционерите на власта.

СДСМ и коалицијата настапуваат со чесни и компетентни кандидати за градоначалници и советници, луѓе со интегритет, со програми кои нудат реални и остварливи решенија.

Овие избори се помеѓу лагите и расипништвото на сегашната власт и борбата за чесност, солидарност и достоинство. Избор помеѓу партизацијата и заробените институции, или враќање на власта во рацете на граѓаните.

СДСМ ја презема обврската и одговорноста да биде движење за слобода, правда и еднаквост. Нашиот дом е Македонија и ние ќе се бориме за него, за сите граѓани, за сите општини, за иднината на државата.

Можете да прочитате

Ешалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во посета на Армијата

Сведок на судењето на полицајците за „Пулс“: Побаравме помош од полицаец да го качиме повредениот другар во автомобил, тој нè одби

Пронајдена марихуана во возило, уапсени пет лица