Утрински Весник
Балкан
300x250 opst2

Во државна амбуланта во Пустец ставени бугарски знамиња од страна на бугарски доктори

Amb bg zname.jpg
300x250 opst2

Бугарски лекари со бесплатни прегледи во Оштина Пустец поставиле бугарско знаме, а од македонското и албанското немали ниту трага, пишува весникот на македонското друштво “Илинден”-Тирана“Илинден”-Тирана.

“Иако акцијата има хуманитарна цел, дел од жителите на Пустец за медиумите изјавија дека поставувањето на бугарското знаме на работната маса во амбулантата изгледа како политичка порака и прикриена бугарска пропаганда”, пренесува весникот.


Пустец е единствената општина во Албанија во која мнозинство е македонското население. Албанскиот закон за заштита на малцинствата ја гарантира службената употреба на македонскиот јазик, а Законот за знамиња предвидува дека при јавни настани задолжително мора да биде истакнато и албанското знаме заедно со знамето на малцинството. Локални жители посочуваат дека во амбулантата тоа не било испочитувано, бидејќи бил истакнато само бугарското знаме.

Пред зградата на општината редовно се вее македонското знаме, како што предвидуваат прописите, но жителите велат дека во случајот со денешните прегледи е испратена порака која го игнорира законскиот и културниот контекст на македонско национално малциство.

Неодамна со свој став излезе и албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, кој при престојот во Пустец јасно кажа дека без разлика на одредени странски влијанија, во Преспа живеат Македонци!

-Во Преспа живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една заедница што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори – рече Пелеши.

Со последните случувања во Пустец на уште еден начин се потврди дека намерата на официјална Софија е да провоцира и да чека некаква реакција од македонска страна, за да може потоа да ја обвинува Македонија за непријателство.

Можете да прочитате

Интерна истрага во ЕПП за улогата на СНС

Двојно убиство во Србија: Внук ги убил бабата и дедото, па избегал

Србија: Уапсени осомничени за подготовка за дестабилизација на изборите во Молдавија