
На денешната прес-конференција, Биљал Касами од движењето ВЛЕН, изнесе сериозни обвинувања против лидерот на ДУИ, Али Ахмети, поврзани со продажба на акции од семејната фирма „АС Сењак“ на белградската Алта Банка, за која Касами тврди дека е во тесна врска со режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Касами ова го нарече „најголема политичко-финансиска афера“ која директно ја поврзува фамилијата на Ахмети со српските структури:
Али Ахмети со неговата фамилија продава имот на банката на режимот на Александар Вучиќ. Али Ахмети, ни ветуваше основање на Албанска Банка, но ни донесе српска банка.
Време дојде Албанците да дознаат какви луѓе го водат ДУИ и државата овие 20 години.
Време дојде да дознаат дека зад превезот на патриотизмот на ДУИ се кријат само пари, криминал и српски свет.
Али Ахмети лично е одговорен за внесување на српскиот свет на Александар Вучиќ во Македонија.
Али Ахмети лично е одговорен за внесување на српските банки во Македонија.
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,
Денес пред вас изнесуваме докази за најголемата политичко-финансиска афера што го поврзува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со режимот на Александар Вучиќ во Србија.
Фирмата „АС Сењак“, позната на јавноста по многу други афери, која е во сопственост на сватот на Али Ахмети, односно таткото на сопругата на неговиот син, имала огромен број на акции во Стопанска Банка Битола.
Овие акции во сопственост на фамилијата на Али Ахмети се продадени токму на Алта Банка од Белград, чиј сопственик Давор Мацура е директно поврзан со српскиот режим на Александар Вучиќ.
Оваа продажба се случила на 17.09.2025.
Само пред десет дена.
Еве го доказот. (Го покажува листот од Централен депозитар)
Додека ве лажат за патриотизам, додека ги лажат и нивните коалициони партнери, тие од ДУИ продаваат имот на банката на режимот на Александар Вучиќ.
Директна продажба на имот од фамилијата на Али Ахмети на Алта Банка од Белград.
Ова не е случајна бизнис-трансакција. Ова е директна врска на Али Ахмети со Александар Вучиќ.
Ова е финансиска врска која го вметнува српскиот режим во банкарски сектор во Македонија.
Ова е доказ дека Али Ахмети не е само политички партнер со луѓе од Србија, туку и финансиски дел од мрежата на Вучиќ.
Денес можеме да кажеме,
Али Ахмети преку бизнис и банки го внесе српскиот свет во Македонија.
ДУИ дваесет години манипулира со граѓаните зборувајќи за патриотизам, а зад завесата распродава капитал на српскиот режими.
Со ова, Али Ахмети и неговите луѓе директно го ставаат под ризик финансиски систем и ја прават државата зависна од Белград.
Албанците повторно ги враќаат во зависност на српскиот центар.
ВЛЕН јавно го обвинува Али Ахмети дека е финансиски партнер на Александар Вучиќ и дека ја користи својата политичка моќ за лични и семејни бизнис интереси.
Граѓаните треба да знаат дека ДУИ не е политичка партија што ги брани Албанците во Македонија.
ДУИ е приватна фирма на Али Ахмети која служи за перење пари, за корупција и лично богатење.