Утрински Весник
Македонија

Филипче: На оваа власт луѓето и се на последно место

Venko konfr 4.jpeg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска се обрати на конференцијата организирана од Институтот Прогрес, каде што упати сериозна критика до актуелната влада и ја опиша моменталната состојба како опасна по економската и институционалната стабилност на државата.

Во своето излагање, Филипче рече:


 „Изминатата година и пол држава ја води тотално неспособна и недемократска власт, која што можам слободно да кажам, дека државата ја води кон државен и економски крах.” – рече Филипче.

Тој предупреди на целосен застој во развојот на земјата, постојани скандали и растечки долгови.

„Од скандал во скандал, од задолжување во задолжување, никаков прогрес, никаков развој на земјата во ниту еден сектор. Огромни кредити, од сомнително потекло, земени на нетранспарентен начин, 7 милијарди евра задолженост, која што држава не ја видела од 1991 година, од својата самостојност”, рече Филипче.

Посебен акцент беше ставен и на кризата во безбедносниот систем, каде што, како што рече, довербата во институциите е сериозно нарушена.

„Скандали во сферата на безбедност, како во Агенцијата за национална безбедност, со фалсификувани дипломи, секојдневни убиства, запалени возила во Скопје, небезбедни улици. Ова е секојдневниот кое го живееме со ВМРО-ДПМНЕ”, рече Филипче. 

Според него, стагнација има и во образованието, здравството и стандардот на граѓаните, со што се урива основата на секое функционално општество.

„Ништо не се случува ниту во образованието, децата немаат учебници, наставниците, за жал, повеќе не се ни надеваат дека имаат поголеми плати. Работниците не можат да врзат крај со крај, на сите апели да се зголеми минималната просечна плата, ова влада нема слух. Не ги контролираат цените во маркетите бидејќи се партнер на големите компании во секоја сфера”, рече Филипче. 

При тоа, тој  оцени дека актуелната власт нема никакво чувство за одговорност и дека граѓаните се заборавени и оставени сами на себе.

„Луѓето се на последно место, за жал, на оваа влада. Ништо не се случува ни во здравството. Луѓето веќе не гледаат шанса дека нешто ќе се подобри.”

Во заклучокот, Филипче порача дека СДСМ ќе продолжи да зборува гласно за овие проблеми и ќе понуди конкретни решенија за излез од оваа сериозна институционална и економска криза.

Можете да прочитате

Мицкоски: СДС се бори заедно со ДУИ да дојдат на власт и да продолжат со криминалот

Филипче: Ѓубрето во Скопје е исклучиво одговорност на ВМРО-ДПМНЕ

Надградбата на граничниот премин Евзони ќе ги намали гужвите, но воведувањето на ЕЕС системот може да го отежне функционирањето