Утрински Весник
Македонија

Со новото упатство на АВМУ – Левица без пристап до медиумите, тврди Апасиев

Apasiev.jpg

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на Фејсбук жестоко реагираше на, како што вели, „хибридниот вмроиден режим“ кој во дослух со директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски, подготвува „финален удар“ врз неговата партија пред претстојните избори.

Според Апасиев, со „креативно толкување“ на Изборниот законик и новото Упатство за рекламирање, Левица ќе биде оштетена за околу 350 до 400 илјади евра. Тој тврди дека на овој начин не само што ќе и бидат ускратени парите кои по закон и следуваат за платено политичко рекламирање, туку практично ќе и биде забранет пристап до националните телевизии, порталите и другите медиуми – дури и доколку сака самата да плати.


Апасиев најави низа тужби и кривични пријави против членовите на Советот на АВМУ и побара Уставниот суд со времена мерка да ја суспендира примената на ова, како што го нарече, „драконско и контроверзно упатство“.

„Ова е смислен недемократски удар врз парламентаризмот и плурализмот, кои се уставна категорија“, напиша лидерот на Левица, додавајќи дека според новите правила, на партијата ЛДП со еден пратеник би и следувале 300 илјади евра за ТВ реклами, а на Левица со шест пратеници – нула евра и забрана за рекламирање.

„За ова, некој ептеееееен дебело ќе го крка!“, заврши Апасиев во својата објава.

Можете да прочитате

Ангелов – Арафат: Романија ќе ги сподели своите искуства од реформите на системот за управување со кризи

Мицкоски: Дел судии и обвинители не ја заслужуваат ниту оваа плата, ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба

Тошковски демантира дека убиената Росица му пишала за помош преку СМС-порака