Утрински Весник
Македонија

Во петок и за време на викендот големо заладување и обилни врнежи!

Meteoalarm.mk 4.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во петок (26 септември) како и за време на викендот во Македонија времето ќе биде значително облачно и многу посвежо со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи, особено локална појава на грмежи ќе има во петок (26 септември). За време на викендот пообилни врнежи од дожд ќе има во поголем дел од нашата Македонија.


Ќе дува умерен а во Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. И во Скопје  и околината особено за време на викендот ќе има врнежи од дожд, повремено пообилни и проследени со повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Температурите значително ќе опаднат дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега и максималните дневни температури за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот само од 13 до 20 степени. Исто така за време на викендот на највисоките планински врвови во нашата Македонија (над 2000 метри надморска височина) можна е  и појава на првите врнежи од снег за оваа сезона.

Локално за време на викендот ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд).

Се на се, да се подготвиме за вистинско есенско време со значително пониски температури на воздухот и чести и пообилни врнежи од викендот.

Можете да прочитате

Мицкоски за барањето за негова оставка поради Кочани: Се злоупотребува болката на родителите

Пожар во скопската населба Козле

ОН пред историска дебата: Палестина меѓу симболика и реалност