Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Од вкупно 34 пожари на отворено, два сè уште се активни, а четири се под контрола

Pozar kriva palnka.jpg

Изминатото деноноќие, до 7 часот утринава, на територијата на земјата биле регистрирани вкупно 34 пожари на отворено. Од нив, дури 28 се целосно изгаснати, додека два сè уште се активни, а четири се под контрола.

Едниот активен пожар е на Кожуф планина кај селото Петрово, Општина Гевгелија, каде гори букова шума. Вториот е на планината Добра Вода во општина Македонски Брод, каде гори ниска вегетација.


Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека четири пожари се ставени под контрола. Два пожари се во Општина Гази Баба, во селата Трубарево каде повеќе од една недела гори електричен отпад и во селото Виниче каде гори нискостеблеста шума.

Еден пожар под контрола има во Општина Студеничани, кај селото Батинци каде гори ниска вегетација и мешана шума. Под контрола, велат од ЦУК, е и пожарот на депонијата во селото Бали, Општина Кочани.

Во последните 24 часа, пожарникарите успешно изгаснале 28 пожари низ целата земја. Тие интервенирале во различни општини каде гаснеле пожари на депонии, во шуми и на стрништа.

Можете да прочитате

Синдикатот предупредува со години, М-НАВ уверува – колку е навистина безбедно македонското небо?!

Агенцијата за супервизија на осигурување троши 7,5 милиони денари за возила на лизинг што не се во нејзина сопственост

Македонската полиција се ребрендира – МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот