Утрински Весник
Економија

ССМ: Гздите лажат кога велат дека ќе се затвореле компаниите ако се покачеле платите

550065899 1385139863617807 6140058449059350942 n.jpg

Сојузот на синдикатите на Македонија изминатиот период спроведе истражување кое уште повеќе го потврдува ставот на ССМ дека зголемувањето на платите и зголемувањето на минималната плата не придонесува за затварање на компаниите и не ја уништува економијата, туку создава услови за развој и отворање на нови компании наспроти тезата и манипулациите од газдите дека растот на платите предизвикува колапс на компаниите и губење на работни места.

Газдите ја лажат Владата и јавноста кога тврдат дека ќе се затворат фирмите ако се зголемат платите, а затоа што не му веруваа на ССМ кога јасно и гласно го зборуваше тоа, податоците и фактите од Централниот регистар тоа јасно го потврдуваат и покажуваат дека:


• Во 2022 година, кога минималната плата ( за потсетување, преку протести и штрајкови) ја зголемивме од 15.194 на 18.000 денари, имаше 7.062 новоосновани фирми, а избришани или затворени 5.694.

• Во 2023 година, со зголемување на минималната плата од 18.000 на 20.175 денари, бројот на новоосновани фирми остана 7.062, а избришаните се намалија на 3.372.

• Во 2024 година, со растот на минималната плата од 20.175 на 22.567 денари, имало 6.627 нови фирми, а само 2.891 затворени.

Овие бројки јасно докажуваат дека секое зголемување на минималната плата е придобивка, а не закана за економијата и ги побиваат ставовите на газдите и на одредени експерти кои беа прилично гласни на ова поле за да спречат раст на платите.

Ова е причина повеќе да не се сопре процесот за зголемување на платите, вклучително и зголемување на минималната плата, ова е уште еден силен аргумент за континуиран раст – не само на минималната плата, туку и на сите останати плати!

Работниците не смеат да живеат со минимални примања и да имаат најниски плати во регионот, а Владата е должна да ја поддржи потребата од раст на платите, праведната распределба на профитот и да застане на страната на достоинствениот труд на работниците.

Преку јазикот на аргументите кој треба конечно да ги слушнат упатуваме пораки и до газдите и до Владата:

До газдите – доста е со лаги и манипулации, време е да престанете да одбивате да се зголеми минималната плата и да почнете да давате достоинствени плати на работниците.

До Владата – да не подлегнува на притисоците, лагите и манипулациите од капиталот и од овие газди, туку конечно да застане зад работниците и да обезбеди зголемување на минималната плата и системски раст на платите за сите.

Можете да прочитате

Се изготвуваат мерките за цените на прехранбените производи, покренати и одредени постапки од инспекциските служби

СДСМ: Над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

Синдикалната минимална кошничка во септември изнесува 65.077 денари