Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ќе нема предвремени парламентарни избори

Mickoski pres .jpg

Нема да одиме на предвремени парламентарни избори, бидејќи претставниците на владината коалиција ќе победат на локалните избори на 19 октомври, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Владата е стабилна и кохерентна, а владината коалиција ќе победи на овие локални избори, рече Мицкоски на денешната средба со новинарите.


Тој нагласи дека Владата има мандат од четири години, период за кој планира да ги реализира ветените проекти, а предвремните парламентарни избори, како што кажа, ќе значат само нивно одложување за најмалку шест месеци.

-Како ВМРО-ДПМНЕ можеби би ни одговарале предвремени парламентарни избори, но ние не ги гледаме работите партиски, туку државнички. Ако одиме на избори сите проекти кои треба да ги имплементираме би имале стагнација од најмалку шест месеци, рече Мицкоски.

Прашан дали очекува да има проблеми на претстојните локални избори и зошто повторно некој игра на картата на национализмот, рече дека нема сознанија дека има индиции за планирани инциденти.

-Некој нема што да им понуди на изборите на граѓаните освен национализам, бидејќи ДУИ во измнинатите 22 години не може да се препозне по некој реализиран проект. Затоа е логично да играат на национализам зашто таму се најсилни. Тие се ориентирани кон минатото, а ние кон иднината и реализацијата на ветените проекти, посочи Мицкоски.

Затоа, како што кажа, нема да водат негативна кампања за локалните избори, туку ќе се сконцентрираат на кампања со смирувачки тонови и на нудење на реално изводливи проекти, а не на она што било во минатото.

-Нашата работа е на терен со нудење на проекти, а нивната на етнички поделби и враќање во минатото, потенцира Мицкоски.

Можете да прочитате

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода

Средба на министерот Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу

Се очекува во декември да бидеме најдобри во делот на Реформската агенда и Планот за раст