Утрински Весник
Македонија

Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК

Leb Market 1 860x569 1.jpg

Нема да се зголеми цената на лебот, рече денеска претседателот на ССК Горан Ѓорѓиевски.

Како што истакна на прес-конференција, стабилна е цената на пченицата, а нема да има големи флуктуации ниту во однос на суровото сончогледово масло.


Одговорајќи на новинарски прашања во врска со евентуалните нови владини мерки, Ѓорѓиевски нагласи дека бизнисот не е за замрзнување маржи, туку за пазарно формирање на цените.

Според него, треба доследно да се применува Законот за нефер трговски практики.

Во однос на минималната плата, пак, Ѓорѓиевски потенцира дека мора да има одржлив баланс кога се работи за платите. Покачувањето на минималната плата влијае на зголемување на сите останати плати.

-Проблем не е бизнисот, туку администрацијата. Треба да научиме дека треба да работиме, за да земаме плата, треба да креираме ситуација на работње во општеството, рече претседателот на ССК.

Тој што е квалитетен во приватниот сектор зема одлична плата, смета Ѓорѓиевски, а оние што не се задоволни си заминуваат.

Можете да прочитате

Мицкоски: Очекувам придвижување во делот на давањето гаранција дека уставните измени ќе бидат последното барање од Бугарија

Комеморација за Илинденка Петрушева: Извонреден познавач на филмот, пред сè извонреден човек

Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек