Утрински Весник
Свет

Зеленски: Ослободивме 160 квадратни километри и седум населени места во Доњецкиот регион

Zelenski.webp.webp

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска објави дека украинските трупи ослободиле 160 квадратни километри територија и седум населени места за време на операцијата во Доњецкиот регион, на истокот од Украина.

„Чекор по чекор, војниците ја ослободуваат нашата земја: од почетокот на операцијата, веќе се ослободени 160 квадратни километри и седум населени места. Повеќе од 170 квадратни километри и девет населени места се исчистени од окупаторите. Речиси стотина окупатори се фатени, а само во последните неколку недели, руските сили претрпеа илјадници загуби – ранети и мртви“, истакна Зеленски.


Украинскиот претседател денеска ги посети војниците во источниот Доњецки регион, епицентарот на борбата против руските сили.

„Се сретнав со нашите војници кои учествуваат во контраофанзивата во Добропоље“, објави Зеленски денес на социјалните мрежи, додавајќи дека им се заблагодари за нивната храброст и посветеност.

Руските трупи успешно навлегоа подлабоко во овој регион во август, пред да бидат запрени од украинската армија неколку дена подоцна.

Тој додаде дека во текот на вчерашниот ден, на фронтот се воделе 184 битки, од кои половина во правец на Покровск и Новопавловск.

Можете да прочитате

Трамп: Путин ме разочара – 24info.mk

Два украински дрона нападнале голем руски петрохемиски комплекс

Пакистан и Саудиска Арабија потпишаа договор за меѓусебна одбрана