Утрински Весник
Македонија

Почнува кампањата „Катастар до тебе“

20250917150301 big 730x400 87.webp.webp

Агенцијата за катастар на недвижности почнува нова кампања „Катастар до тебе“, а првата промоција ќе се одржи денеска од 16 до 19 часот во Општина Аеродром.

Целта на кампањата е институцијата да се доближи до граѓаните преку директна комуникација, отвореност и транспарентност. На овој начин, граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат јасни и прецизни одговори од стручни лица, како и информации за постапките што ги спроведува Агенцијата.


За време на настанот, државни службеници и раководители од Агенцијата ќе бидат достапни за разговор и советување, со цел полесно да им помогнат на граѓаните во решавање на нивните дилеми и прашања поврзани со катастарските услуги.

Со кампањата „Катастар до тебе“, агенцијата ја потврдува својата посветеност за поголема близина до граѓаните, унапредување на довербата и обезбедување поефикасни и поедноставни услуги за физичките и правните лица. Во рамки на кампањата е предвидено да се посетат сите општини во државата. 

Можете да прочитате

Владата патува низ светот, но не разбира каде се движи светот

Серискиот убиец од Старо Нагоричане призна три од убиствата

Велковски: Младите мора да бидат слушнати и вклучени во креирањето на политиките