Утрински Весник
Македонија

Др. Беќаровски: Потребата од клинички токсиколози и онколози рапидно ќе расте

Bekjarovski Glavna 1.jpg

“КАДЕ СУМ, прашувате ???

Во Македонија се на сѐ сме 3 (ТРОЈЦА) супспецијалисти #КЛИНИЧКИ_ТОКСИКОЛОЗИ, со просечна старост од 64 години и две супспецијализантки десетина години помлади.


До раните утрински часови бев дежурен на своето работно место на УК токсикологија каде ги третиравме експонираните од пожарите низ државава.

Во вторник повторно ќе бидам дежурен !!!!

Бројот на акутни труења и експозиција на отрови и злоупотреба на психоактивни супстанции и дроги рапидно расте.

За жал во држава како нашата потребата од КЛИНИЧКИ ТОКСИКОЛОЗИ и ОНКОЛОЗИ рапидно ќе расте, без оглед колку овие специјализации и супспецијализации да не се атрактивни за младите доктори.

Дебатите по телевизии и социјалните мрежи, ќе ги препуштам на колегите теоретичари и медиумските парадери, кои веќе излегуваат и од “вашите фрижидери”, јас морам да одморам до следното дежурство (5) петто во месец септември !!!

#Татковината се сака со дела и работа, не со зборови и празни фрази.”, напиша докторот на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: ДУИ 20 години го труеше народот со корупција, сега зборува за воздухот

На пратеникот Сашко Јанчев од Левица му се одземаат возачката и патната исправа – прифатени мерките по сообраќајката

ДИК: 312 кандидати за градоначалници, 575 советнички листи