Утрински Весник
Македонија

Поставена мерна станица во Трубарево која ќе биде во функција 24 часа

Merna edinica trubarevo.jpg

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска повторно беше во теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде е поставена мерна станица да го провери квалитетот на воздухот во реално време.

Меџити, како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, на чие барање е поставена мерната станица, беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип проф. д-р Дејан Мираковски.


Министерот Меџити во текот на посетата извршил увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.

– Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка. Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Хрватска државјанка во Кавадарци пијана со нож го прободела својот сопруг

Македонија во жолта и портокалова фаза: Обилни врнежи и можни поплави

Жена со нож го повредила сопругот во Кавадарци