Утрински Весник
Македонија

Османи: Ако усвоиме резолуција за црвените линии Бугарија може да ја врати декларацијата во парламентот

Bujar osmani.webp.webp

Лидерот на СДСМ најави дека подготовката на резолуцијата со која ќе се одредат „црвените линии“ на земјава е во финална фаза и според него документот рече дека ќе биде вин-вин решение за државата и за граѓаните. Со таа идеја тој беше во посета на Париз и понуди договор околу резолуцијата со другите политички партии.

Според поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, резолуцијата може да предизвика штета ако испровоцира исто таков потег во Бугарија. На прашањето дали ќе ја подржат како ДУИ резолуцијата за црвените линии Османи во интервју за „Независен“ (кое ќе се објави в недела) вели дека не ни треба резолуција кога веќе имаме Преговарачка рамка.


„Зошто ви е резолуција кога имате Преговарачка рамка? Што ќе донесе таа? Сакаме ли да ги поттикнеме Бугарите и тие да донесат нова декларација? Да се зацементираат црвените линии? Па, црвените линии се во Преговарачката рамка. Нема бенчмарк за историјата. Јазикот е утврден. Посебноста ја признаа. Без оглед што за домашна употреба пуштаат забелешки за записникот, тие си гласаа за Преговарачката рамка, а во неа стои македонскиот јазик.

Колкупати да кажам: Во договорот што го потпиша Љупчо Георгиевски стоеше ‘македонски јазик согласно уставот’, во договорот на Заев стоеше ‘македонски јазик согласно уставот’, во договорот што го направи Бујар Османи стои само ‘македонски јазик’. Треба очигледно временска дистанца за да се сфати тоа. Тој што го става под ризик овој процес за јазикот ја ризикува и посебноста. Што ако Бугарија го смени ставот за внесување на Бугарите во уставот и го вратат стариот став? И, речат: Не сакаме тоа, ние сме еден народ и додека не го признаете тоа нема да влезете во ЕУ. Тоа ли е наш интерес?“, вели Османи во одговорот на прашањето за резолуцијата што ја подготвува СДСМ.

„Значи, ние ги убедивме да го прифатат тоа. А, јас знам каква беше првичната реакција на Бугарите за внесување во уставот: ‘Тоа никогаш нема да сде случи. Никогаш Бугарија нема да прифати концепт на два различни народа. Ние го одбиваме тоа!’

Вака, може да ја вратат декларацијата со која ќе се врати прашањето за јазикот и за посебноста на нацијата. Што ако го решат тоа? Тоа ќе биде крај на преговорите со ЕУ и крај на европската перспектива. Ние тука ќе останеме, српскиот свет ќе влезе со сите влијанија, бидејќи е веќе влезен со идентитетско-културни, сега евентуално и со банка за да можат да ги спонзорираат политичките партии и бизнисите, со телекомуникации, ќе влезат унгарските кредити. Српскиот свет не е проблем сам по себе, туку што е платформа на рускиот свет и што со тоа ќе заврши нашата држава“, порачува Османи.

Можете да прочитате

Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност во сообраќајот и за прекршоците

Николоски: Обвинителството да ги истражи злоупотребите што се правеле во АНБ и да ги процесуира одговорните

Левица ги промовира новите десет кандидати за градоначалници