Утрински Весник
Македонија

Апасиев до Мицкоски: Колку кеш од агенцијата за обезбедување на кочанската дискотека завршија во касата на ДПМНЕ?

Apasiev.jpg

Соопштение на Левица:

Почитуван северномакедонски премиер, моето прашање е за вмровската агенција ,,Рубикон”, која ја обезбедуваше дискошталата во Кочани. Оваа агенција е основана како паравојска, со цел да ја замени фирмата ,,СГС” на Мијалков со кој божемски се скаравте. ,,Рубикон” е формирана веднаш после Вашата победа на локалните избори и веднаш почнува да добива тендери од вмровските општини.


Вистински сопственик на оваа агенција е Александар Нацев, кој беше директор за време на Груевски, а беше и делегат на Валандовскиот конгрес во 2017 година, каде Вие сте избран за лидер, односно октроиран од страна на Груевски, бидејќи Вие бевте анонимус во Вашата сопствена партија.

Бидејќи Вие сам изјавивте дека ќе си дадете оставка, доколку има било какви докази дека агенцијата за обезбедување на дискошталата е поврзана со ДПМНЕ – ќе Ве прашам дали после вакви докази ќе си поднесете оставка од функцијата?!

Можете да прочитате

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар

Тошковски: „Безбеден град“ го развиваме со единствена цел – зголемување на безбедноста во сообраќајот

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи