Утрински Весник
Македонија

Неколку пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање

Agencija Za Razuznavanje.jpg

Членовите на собраниската Комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), според договореното од вчерашната седница, денеска треба да ја посетат Агенцијата за разузнавање откако вчера беа во посета на АНБ за да извршат надзор по наводите за прислушување.

Откако во јавноста излегоа информации дека во периодот од 2019 до 2024 година се прислушувале новинари, бизнисмени и премиерот Христијан Мицкоски како тогашен лидер на опозицијата, од власта бараат одговорност, а од опозицијата декласификација на документацијата. 


– Нека појдат пратениците во сите агенции, и во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и  Агенцијата за разузнавање (АР), кажав што имав да кажам, нема што повеќе да зборувам, рече вчера премиерот Христијан Мицкоски.

Тој претходно во говорот на централната свеченост по повод Денот на независноста рече дека мора да има одговорност и дека не е прашањето дали да се декласифицираат документите, туку да запре прислушувањето. 

– Се следи и прислушкува од 90-тите години. И една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до минатата власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, се удира по уставниот поредок, а последиците на таквиот извитоперен систем не само што уништуваат генерации луѓе, туку и ја доведуваат во опасност целата држава, каде на тацна го ставаат безбедносниот систем. Ваквите удари уништуваат и човечки судбини, најчесто и измислувајќи ситуации, контакти, додавајќи работи кои не постојат. За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот од моето следење, рече Мицкоски.

Од опозицијата бараат декласификација на документацијата и најавија дека на прес-конференција ќе ја обелоденат вистината за АНБ.

Можете да прочитате

Меџити се сретна со американската амбасадорка Агелер: Соработка за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро

Филипче: Скандалот со АНБ им пукна како петарда во раката на ВМРО-ДПМНЕ, декласифицирајте да се види вистината 

Филипче: Албанија и Србија со повисоки плати, нашите граѓани тонат во сиромаштија