Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Stojance angelov pres 02.207.2025 1200x598 1.jpg
Dik 300x250 mk

Постојат сомнежи дека пожарот во депонијата Дрисла е предизвикан намерно, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов потсетувајќи дека летово имавме рекордно високи температури, но Дрисла не се самозапали.

-Бригадата за противпожарна заштита Скопје со сите сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла, направени се противпожарни појаси за да не се дозволи огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата. Нема опасност од излегување на огнот надвор од депонијата. Гаснењето е во тек, посочи Ангелов.


Претходно тој инфрмираше дека пожарот не е алармантен, дека се работи на негово гаснење, но оти гасењето пожар на која било депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запалливи гасови.

Можете да прочитате

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени

Бил Декан, завршил во затвор во Идризово, од Управата велат „Не е за тука, ама не знаеме што да правиме без него“

Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното