Утрински Весник
Свет

Кац: Газа ќе биде срамнета со земја доколку Хамас не се предаде и не ги ослободи заложниците

Izrael.webp.webp

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Појасот Газа ќе биде „срамнет со земја“ доколку Хамас не се предаде и не ги ослободи заложниците што ги држи 23 месеци.

„Доколку терористите на Хамас не го положат оружјето и не ги ослободат сите заложници, тие ќе бидат уништени, а Газа ќе биде срамнета со земја“, наведе Кац денеска во објава на социјалната мрежа X.


Израелските воздухопловни сили денес погодија неколку високи згради во градот Газа, неколку часа откако Кац изјави дека „моќен ураган ќе го погоди небото над Газа“ и дека „покривите на кулите на теророт ќе се тресат“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека извршиле барем еден од нападите, велејќи дека погодиле кула што ја користи Хамас за надзор. Според палестински извори, вчера биле погодени неколку високи згради во градот Газа.

Во текот на изминатите неколку дена, ИДФ изврши повеќекратни напади врз солитерите во Газа, за кои тврди дека Хамас ги користи за спроведување операции против израелските трупи, откако претходно ги предупреди жителите да ја напуштат областа.

„Триесет високи згради што се користеа за терористички активности беа нападнати и уништени, а десетици дополнителни цели беа бомбардирани за да се оневозможи надзорот и да се нападне инфраструктурата, како и да се отвори патот за копнените сили“, рече Кац во објава на X, заедно со видео на кое се гледа уривањето на солитер во градот Газа.

Можете да прочитате

Макрон избра нов премиер на Франција

Орбан за приемот на Украина: Проширувањето на ЕУ не може да се базира на лицемерие и двојни стандарди

Трагедија на протестите во Непал – жива запалена сопругата на поранешниот премиер