Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ако Мицкоски се плаши од декласификација зошто АНБ и Христовски не постапат веднаш

B kuzeska sdsm 2.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Очигледен е стравот на премиерот, Христијан Мицкоски од содржината на материјалите кои треба да го докажат наводното негово следење од страна на службите.


Со вчерашната изјава премиерот потврди дека нема никаква намера да ги декласифицира документите кои би ги докажале неговите наводи дека нелегално бил следен.

СДСМ уште еднаш прашува од каде толкав страв од објавувањето на содржината на материјалите од наводното следење?

Ако СДСМ прислушувала како што тврди власта, зошто се плаши да ги декласифицира документите?

Што во тие документи го плаши Христијан Мицкоски толку многу?

Дали овие документи содржат докази за соработка на Мицкоски со странски непријателски служби?

Дали Мицкоски работел на штета на интересите на државата за странски пари?

Дали Христијан Мицкоски имал комуникација со руски агентури кои финансирале екстремизам и дестабилизаиција на државата?

Дали овие документи содржат наводи за нелегално финансирање на партијата, ВМРО-ДПМНЕ поврзано со „Делчевски ниви”?

Ако Христијан Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи го повикуваме директорот на АНБ, Бојан Христовски да го стори истото и да го стави државниот интерес пред интересот на партијата.

Можете да прочитате

Активни пожари во Депонија Дрисла, Никуштак и Булачани, во селото Татеши и во населбата Еленкамен

Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ