Утрински Весник
Македонија

Стопанската комора активно на терен по избувнување на пожарот во фабриката во Виница

Pozhar vinicza.jpg

Вчеравечер околу 19:20 часот претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, бил информиран од сопственикот на „Макпрогрес“ Виница, Глигор Цветанов, дека во фабриката избувнал голем пожар. Веднаш била алармирана Владата, премиерот, како и вицепремиерот и министерот за транспорт, кои дале наредби за преземање мерки за спасување на фабричките капацитети.

И покрај интензивните напори, мора да се констатира дека три клучни погони се целосно уништени.


Стопанската комора соопшти дека жали за оваа трагедија, која ќе остави длабоки последици врз работењето на една од најуспешните извозни компании во земјава, познатата „Макпрогрес“ Виница – препознатлива по брендот „Винчини“. Комората потсетува дека „Макпрогрес“ е нивна истакната членка, која со своите активности предничи во деловниот живот, а нејзините сопственици отсекогаш биле активно вклучени и во раководството на Комората.

Во гаснењето на пожарот свој придонес дале и други компании – членки на Комората, кои ги ставиле своите капацитети на располагање.

Екипа на Стопанската комора е присутна на лице место од моментот на избувнувањето на пожарот и заедно со сопствениците ќе формира кризен штаб. Воедно, Комората најави дека презема активности за целосно нормализирање на состојбата.

Можете да прочитате

Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“, увидот не е почнат, траат активностите за обезбедување на локацијата

Пожар над селото Раштак, во гаснењето вклучени два ер трактора и полициски хеликоптер

8 Септември 1991 година – Настан и слики што остануваат вечно во меморијата и историјата