Утрински Весник
Македонија

ЛЕТОТО НЕ СЕ ДАВА: Летни септемвриски температури во Македонија и следната седмица!

Meteoalarm.mk 83.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на следната седмица нашата Република Македонија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка и истата ќе условува да имаме топло време со натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност.  Само кон средината на седмицата ќе има повеќе облачност со услови за локален дожд и ретки грмежи.


Што се донесува до температурите тие во текот на следната седмица и понатаму на повеќе места ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 35 степени.

Слични температури, односно температури од над 30 степени ќе имаме  и во Скопје и околината.

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ