Утрински Весник
Свет

Фидан: Русија ги ревидираше своите територијални барања во Украина

20250218074817 big 730x400 3.webp.webp
Dik 300x250 mk

Русија сè уште бара Украина да го отстапи Донбас на истокот на Украина, кој не го контролира целосно, но е подготвена да го замрзне конфликтот на југот на земјата, долж актуелните линии на фронтот, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, пренесе Бета.

Руската војска окупира околу една петтина од украинската територија. Москва смета дека има право на анексија на пет региони: во источен Доњецк и Луганск, кои го сочинуваат Донбас, во јужен Херсон и Запорожје, како и Крим, кој го анектираше во 2014 година.


За време на разговорите во Истанбул претходно оваа година, руските преговарачи бараа Украина целосно да се повлече од овие пет региони како предуслов за завршување на конфликтот.

Според Анкара, Москва, сепак, го променила својот став по неодамнешниот самит на Доналд Трамп и Владимир Путин на Алјаска.

-Така, Русите „се откажаа од ова барање и остануваат на линиите на контакт, со исклучок на еден регион… Во моментов постои прелиминарен договор за враќање (отстапување на Русија) на 25 до 30 проценти (од регионот Доњецк) и одржување на линиите на контакт во Запорожје и Херсон – рече Фидан за турскиот телевизиски канал ТГРТ Хабер.

Тој не прецизираше дали тој „прелиминарен договор“ е постигнат меѓу Москва и Вашингтон или меѓу Москва и Киев, ниту кога е постигнат. Украина досега категорично одбиваше какви било територијални отстапки.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил