Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Вистината е дека Бујар Османи е политичар кој внесува поделби и омраза

Vmro Dpmne 1.jpg

Бујар Османи ако сака да покаже државништво мора да се однесува многу поинаку од ова што го прави сега. Наместо пишување на фејсбук статуси Бујар Османи нека одговори за кривичната пријава за милионската организација на ОБСЕ самитот чии неправилности се потврдени и со ревизорскиот извештај, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Наместо млатење празна слама суровата вистина е дека токму Бујар Османи е политичар кој внесува поделби, омраза.


Бујар Османи треба да прекине со веќе познатата пракса според која секоја критика за криминалот на ДУИ да се претставува како поттик на поделби.

Бујар Османи да се соочи со вистината, поделбите настануваат токму поради СДС и ДУИ и нивните криминалните тендери, корупцијата и злоупотребата на институциите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

ПОЛИЦИЈА И БРЗА ПОМОШ НА ПАТОТ ГОСТИВАР – МАВРОВО: Тешка сообраќајна несреќа

Жените ги нападнале мажите – три одделни случаи стигнале до полицијата

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на вонредните избори во Брвеница