
Во раните утрински часови полициските екипи на Управата за финансиска полиција започнаа голема акција во општините Липково, Куманово и Желино. Според првичните информации, се вршат претреси на повеќе локации, а акцијата е резултат на подолга и детална истрага.
Сомневањата се насочени кон организирана криминална група која, според досегашните сознанија, се поврзува со злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари.
Неофицијални извори откриваат дека предмет на истрагата се компании што се занимавале со набавка и продажба на нафтени деривати, при што е предизвикана штета тешка над 7 милиони евра.
Од Управата за финансиска полиција најавуваат дека по завршувањето на акцијата во текот на денот ќе бидат објавени повеќе детали за случајот и можните приведувања.