Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри

Mickoskidracevo.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски во одоговр на новинарско прашања истакна дека не ја исклучува можноста да се создаде проблем во изборниот процес со оглед на тоа што независните кандидати можат да учествуваат со само два потписа од граѓани, што пак може да го зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко, но како што истакна, ако тоа се случи и изборите бидат неуспешни Владата има уствно и законско право и можност да именува повереници во општините.

-Се е можно, можно е гласчкото ливче да биде 7 –  8 метри, да ги обесхрабри граѓаните да излезат, да се намали цензусот, но тука закам да предупредам дека согласно Уставот и Законот ако не е успешен избирачкиот процес Владата е таа која именува владини повереници, така што неодговорнто однесување на поединци или поедини политички партии ќе резултира со ваков тип на можности. Сега дали тоа ќе се случи ќе видиме за многу скоро од денеска, до 1 сепетември треба да заврши овој процес и да се види каков ќе биде, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во изградба на градинка во Драчево.


Тој запрашан кога ќе бидат познати сите кандидати за градоначалници и носители на листите за советите во општините рече дека тоа ќе се случи до крајот во предвидените рокови до крај на овој и почетокот на следниот месец.

Можете да прочитате

Тасевски: На М-Нав му требаат вработувања на вистински потребен кадар, манекени и директори кукли не се потребни

Утре подгответе се за невреме

Пожар во куќа во Гази Баба, нема повредени