Утрински Весник
Македонија

Мицкоски ветува набавка на 100 нови амбулантни возила

Mickoskidracevo.jpg

Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија, одговарајќи на прашањето дали се планира набавка на медицински возила со оглед дека сегашните се застарени, посочи дека на последната седница е донесена одлука за отпочнување на набавка за купување на 100 нови модерно опремени амбулантни возила.

Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи во предвид дека таму е катастрофално алармантна состојбата, бидејќи таму луѓето се потпираат на оние возила кои се донација. Како Влада на последната седница донесовме одлука за отпочнување на 100 нови модерно опремени возила, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата, вели премиерот Мицкоски


Можете да прочитате

Focus on the Road – засилени контроли на МВР за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

По маратонот, Пакомак и средношколците ги исчистија улиците од пластични шишиња 

КЛУЧ ОД МОТОР ПОВРЗАН СО УБИСТВО ПРОНАЈДЕН КАЈ 33-ГОДИШНИК: Во домот имал бомба, два пиштоли и 240 куршуми