Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири

535911489 1162374635936560 8738712942363093186 n.jpg

На територијата на државата до 18:00 часот има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои активни се четири пожари, еден е под контрола и изгаснати се осум пожари, информираат од Центарот за управување со кризи. 

Активни се пожарот во Јасен, во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума, во село Церево, во Општина Маврово и Ростуше, каде гори нискостеблеста дабова шума и сеча, како и на Неготинска петља кон атарот на село Чегране, во Општина Гостивар и кај село Светомитрани, во Општина Крушево, каде гори ниска вегетација. 


Под контрола е пожарот кај прилепското село Беловодица, место викано Ливада, каде гори букова шума. 

Изгаснати се двата пожари во село Средно Коњаре, Општина Петровец, каде гореше ѓубриште и ниска вегетација и ѓубре, потоа пожарот на Перо Наков б.б во Општина Гази Баба (ѓубриште), пожарот кај село Драслајца во Општина Струга (ѓубриште), во село Сараќино, Општина Тетово (ниска вегетација), село Стрмница, Општина Желино (ниска вегетација), село Облешево, во Општина Чишиново Облешево (ниска вегетација) и село Криволак во близина на мостот пред касарна,  во Општина Неготино (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник). 

Можете да прочитате

Во регистарот на ДКСК евидентирани 1.916 службени возила – ќе добијат црвени таблички до септември 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

Љутков: Објавена е јавната набавка за изградба на Универзална сала