Утрински Весник
Македонија

По силното невреме во Љубојно, денес (понеделник) доаѓа ново невреме

Meteoalarm.mk 39.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

По силното невреме кое вчера (недела 17 август) го зафати Лубојно, Ресенско и направи штети и поплави улици и куќи, денес (понеделник 18 август) ни следува ново невреме во повеќе делови од нашата Република Македонија. Нашата Македонија ќе биде под влијание на влажна  и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина.


Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во поголем дел од нашата Република Македонија. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со локална појава на град. И во Скопје  и околината денес (понеделник 18 август) времето ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со силен ветер  и со појава на град.

Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. Во Скопје  и околината максималната температура денес ќе се искачи до околу 32 степени.

Апелирам поради многу нестабилното време, во случај на појава на невреме  и на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност. Односно, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја додека траат електричните празнења. Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

ВЛЕН: Албанската култура се издига над измамите и злоупотребите на ДУИ!

Видео од нова тепачка во центарот на Струмица