Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Злоупотребите со милионите евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

„Злоупотребите со милионите евра од европската програма Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ. Затоа Владата на Мицкоски назначи за в.д. директор на Националната агенција за европски образовни програми лице под активна истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами. Тоа е скандал без преседан што целосно ја урива довербата во институциите. И наместо да побара одговорност ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја заташка вистината, се вели во соопштението од СДСМ.

„Не се само 2.2 милиони евра во прашање.


Од 2014 до 2017 година, кога Ана Михајлов (тогаш Митровска) била одговорно лице за евалуаторите во Агенцијата, заедно со својата кумашинка Дорина Ѓорчева Митровска биле доделени над 8 милиони евра европски пари.

Истрага треба да утврди дали овие 8 милиони евра биле законски распределени или се дел од проневера?

Каква е улогата на Бошко Нелкоски – првиот директор на агенцијата и ментор на новата в.д. директорка? Дали токму Нелкоски е посочен во извештајот на ОЛАФ како иницијатор на организирана проневера и незаконско доделување на средства?

Каква е поврзаноста со фирмите „Силвер Лион Сервисес“ и „Агронимија Органика“? Дали тие се дел од истата мрежа на сомнителни тендери и злоупотреби идентификувани од ОЛАФ?

Клучното прашање е: во чии џебови завршија 8 милиони евра европски пари?

Тоа е партиската шема на ВМРО-ДПМНЕ.

За овој скандал мора да има итна и целосна кривична истрага за сите инволвирани“, додаваат оттаму

Можете да прочитате

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Превентивна кампања за повозрасните – „Внимавај телефонски измами”

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда