Утрински Весник
Македонија

Лебот оставен на улица: Колку сте сигурни во хигиенските услови на храната?

Screenshot 20250812 171408 gallery.jpg
Dik 300x250 mk

Лебот е основна намирница која сите секојдневно ја јадеме, но сте се запрашале ли во какви услови се произвдува и чува додека да дојде до нашите домови?

Некои произведувачи го продаваат исечкан на парчиња и завиткан во кеса, додека други произведувачи го ставаат само во полупропустлива хартија.


Лебот додека да дојде до нашите домови поминува низ повеќе раце, од произведувачи, до доставувачи и продавачи, затоа се запрашуме какви се хигиенските услови низ кои поминува тој додека да дојде до трпезата и до наша конзумација?

На една од фејсбук групите која тематски обединува „стари скопјани“ беше споделена фотографија од главниот град на Македонија, на која што може да се забележи како доставувачот до некоја од локалните пекари или продавници, гајбите за леб ги оставил среде улица – каде што секојдневно поминуваат огромен број на возила, каде се фрлаат пикавци, каде што луѓето газат и плукаат…

Дали сте од оние граѓани кои ќе кажат, „ајде не е важно толку, така се челичиме“ или сте од оние за кои ова е недозволива слика?

Можете да прочитате

Забрчанец: Граѓаните и фирмите го поддржуваа, а властите се откажаа од Отворениот Балкан

Костадинов за МТВ: Субвенцијата за новореденче во Валандово ќе се зголеми од 5.000 на 30.000 денари

Кумановка дала 2000 евра за патување – останала дома и без пари