Утрински Весник
Свет

Околу 40 убиени во нови напади на израелската војска врз цивили околу точките за дистрибуција на помошта во Појасот Газа

20250811185044 big 730x400 22.webp.webp

Околу 40 лица се убиени во нови напади на израелската армија во Појасот Газа, вклучувајќи го новинарскиот тим на медиумската куќа Ал Џезира и цивили кои барале хуманитарна помош, објавија денеска тамошните здравствени власти.

Болничките власти објавија дека вчера и денеска се убиени 34 лица во нападите, како и тим новинари на Ал Џезира кои беа застрелани од израелската армија со ракета, под образложение дека еден од нив соработувал со милитантната исламистичка група Хамас.


Меѓу жртвите имало деца, тврдат очевидци, додавајќи дека денеска израелската армија застрелала цивили кои се обиделе да земат хуманитарна помош од точките на Хуманитарната фондација во Газа (GHF) во близина на коридорот Мораг.

Од почетокот на новиот систем за дистрибуција на помош, 1.700 цивили се убиени во претежно копнени напади од страна на израелската армија, наведува Министерството за здравство на Газа, додека во последните 24 часа петмина Палестинци, меѓу кои и едно дете, починаа од глад.

Можете да прочитате

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина