Утрински Весник
Свет

Седум лица загинаа во поплава во северен Пакистан

20250811170353 big 730x400 18.webp.webp

Најмалку седум лица денеска загинаа во налетите на поплава во северен Пакистан, изјави официјален претставник за уште една катастрофа што го погоди хималајскиот регион поради ескалацијата на влијанието на климатските промени, јави ДПА.

-Жртвите се волонтери кои работеа на обновување на водоводен канал во планинска долина во регионот Гилгит-Балтистан, во кој беснеат поплави по излевањето на ледничко езеро, за ДПА изјави локалниот спасувач Тахир Шах.


Уште најмалку шест други се повредени и се упатени на лекување во блиската болница, додаде тој.

Поплавите го блокираа автопатот што го поврзува Пакистан со соседна Кина и ги отсекоа неколкуте планински села од патиштата за снабдување, наведе локалниот претставник Ислам Удин.

-Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до илјадници лица заглавени во оддалечените населби каде што се спојуваат планинските венци Каракорум и Хималаи, изјави Харун Гул од пакистанската Агенција за катастрофи.

Од крајот на јуни, потсетува ДПА, поплавите и непредвидливите монсунски дождови одзедоа 312 животи низ целиот Пакистан.

Минатиот месец во овој исти планински регион најмалку 20 лица, од кои повеќето туристи, беа однесени од поплавите, изјави портпаролот на регионалната влада Фајзулах Фарак.

Северниот регион на Пакистан, во кој се наоѓаат најмалку пет врвови повисоки од 8.000 метри, во последните години се соочува со повторливи катастрофи поврзани со климата, вклучувајќи поплави и излевање на леднички езера, потсетува ДПА.

Можете да прочитате

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина