Утрински Весник
Свет

Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе

Albaneze.webp.webp

Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Ентони Албанезе – и тоа официјално за време на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември.

На тој начин, Австралија им се придружува на Франција, Велика Британија и Канада, кои исто така објавија слична намера.


Признавањето е „врз основа на обврските што ги презеде Палестинската власт кон Австралија“, рече Албанезе. Овие обврски вклучуваат исклучување на Хамас од палестинската влада, демилитаризација на Газа и одржување избори, додаде тој.

„Решението со две држави е најдобрата надеж на човештвото да го прекине циклусот на насилство на Блискиот Исток и да го прекине конфликтот, страдањето и гладот во Газа“, рече Албанезе.

Можете да прочитате

100.000 британски ветерани добиле писмо од министерството: „Подгответе се за војна“

ОН би можеле да влезат во 2027 година без генерален секретар: Големите сили не можат да се договорат

Најмалку 30 загинати во пожар во близина на Каиро, експлодирале плински боци во камион